March 28, 2024, 12:54 pm

ПОД ДОЖД ОД ГРАНАТИ: Сириската армија успеа да влезе во Африн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конвој на сириската војска влезе во Африн и покрај турското гранатирање, изјави официјалниот претставник на курдските сили на самоодбраната на Африн Рејзан Хеду

„Одржуваме контакт со сириската војска, властите, влатите во Африн и курдските одреди на самоодбранта. Сириската влада ги испрати силите. Ердоган згреши кога кажа дека го запрел движењето на сириските сили кои се испратени во Африн. Тоа не е точно, силите се веќе во Африн“, вели Хеду.

Под артилериски оган се најдоа и десетина новинари и репортери кои биле во близина на курдските барикади.

„Претседателот, Владата и турските медиуми изјавија дека се работи за верска конотација, бидејќи тоа се сили на шиитите. Ние во Сирија се гордееме со конфесионалното и национално богатство. Веќе 32 дена ја одбиваме турската агресија која на воен план е неуспешна. Тие можеби се придвижија, но во целина воената операција е неуспешна“, додава Хеду.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This