ПОД ИТНО ДА ПРЕСТАНЕ ПРОГОНОТ НА НАРОДОТ: ОЈО да не се плаши и да не подлегнува на притисоци-граѓаните на протести пред Јавното Обвинителство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе втор ден по ред пред Основното јавно обвинителство група граѓани ја даваат својата поддршка на притворените лица по немилите настани во Собранието на Република Македонија на 27 април минатиот месец. Тие најавуваат дека мирниот протест ќе продолжи се додека ОЈО не донесе правилна одлука, со најава дека собирот ќе биде се помасовен. Тие го повикаа ОЈО да не подлегнува на притисоците и да донесе правилна одлука за луѓето кои ја бранеа својата татковина.
ttt-640x363

-Под итно ослободување на сите кои се во притвор и да се престане со приведување на тие луѓе кои до вчера достоинствено и гордо си ја бранеа Р. Македонија како унитарна, независна и мултиетничка држава. Сакам да ги охрабрам луѓето од ОЈО да не подлегнуваат на тие притисоци кои сите знаеме дека се од надворешни мрачни сили, потпомогнати од петтоколонаши во Р. Македонија и да се престане со двојниот аршин околу приведување на луѓето. И да го остават правосудниот систем во Р. Македонија да одлучува согласно законите и Уставот на Р. Македонија, рече Климент Стоилов поддржувач на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и пријател на приведените.

Стоилов потсети на немилиот настан кој што беше на Кале пред неколку години, кога група на граѓани ја спречуваа изградбата на црква на Кале, потенцирајќи дека тогаш имало поголеми шанси за меѓуетнички конфликт.

-Сите добро го паметиме настанот кој што беше на Кале, тогаш постоеја поголеми шанси Р. Македонија да се запали на меѓуетнички план. Тие луѓе тогаш тоа што го предизвикаа беа осудени на условни казни, а некои и ослободени, потенцираше Стоилов.

Димче Темелковски поддрувач на неправедно и политички притворените лица од настаните во Собранието посочи дека како и денес и во македонската историја имало предавници при што многу наши војводи биле предадени од кодоши и шпиони.

qqqq-640x363

-Во поново време има еден предавник кој што ја предава Р. Македонија . Да престане со тоа затоа што овие луѓе кои што се неосновано, неоправдано приведени затоа што беа испровоцирани од една група на луѓе кои што мислеа дека со тоа дека ќе успеат да дојдат на власт се излажале. Тие луѓе се наши браќа и сестри и верувајте дека нема да дозволиме тие да гнијат по затворите додека одредени терористи се на слобода, посочи Темелковски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This