ПОД ИТНО ТРЕБА ОДГОВОРНОСТ ОД ОЛИВЕР: Партиската полиција за закани и бруталност, става пиштол на глава на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лудилото кое започна да го спроведува СДСМ до доаѓањето на власт не запира. Партизацијата на институциите продолжува наголемо да се спроведува. Поради страв од пораз на престојните локални избори, паниката кај СДСМ и Зоран Заев кулминира со скандалозни и нечовечки постапки, користејќи ја партиската полиција за закани и бруталност.

Полицијата на Заев и Оливер Спасовски вчера попладне му впери пиштол во глава на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој воедно е сосопственик на компанијата „Кожувчанка“,член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и Претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.

Додека Јанчев патувал кон Скопје за конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, партиската полиција на Заев на брутален начин без никаква причина му вперила пиштол на глава на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и го легнала на земја.

Дури и самите полициски службеници и припадници на Единицата за прв одговор и интервенција, Алфа, коментирајќи велат дека чекале три часа да помине кандидатот за градоначалник , бидејќи се работело за наредба дадена од партиските високи структури на полицијата.

–Еден од нашите кандидати за градоначалници беше запрен на влез во Скопје. Во моментот кога одеше на оваа конференција му беа вперени пиштоли во глава од страна на припадниците на полициските единици, изјави вчера, пред почетокот на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, претседател на Изборниот штаб на најголемата опозициска партија.

Тој појасни дека бил извршен претрес пред присуство на голем број граѓани, но потоа тој бил пуштен.

–На еден начин станува збор за една класичка полициска местенка. Истовремено, пристигнуваат информации од сите градови дека се блокираат автобуси за да пристигнат вечерва на конвенцијата. Тоа само го покажува вистинското лице на нашиот политички опонент, но и покрај тоа јас сум повеќе од сигурен дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор во периодот што следува и ќе знаат да направат разлика од она што ние го нудиме и нашиот опонент, рече Ристовски.

Претходно медиумите пишуваа дека СДСМ во паника и страв од големиот интерес за Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која вчераравечер се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на најниски можни начини се обидува да ги спречи огромниот број заинтересирани граѓани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This