ПОД КОЕ ЗНАМЕ ЌЕ СЕ РАЗБУДЕТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двојазичност, федерализација, кантони, ова е понудата на СДСМ, но и на сите албански партии. Според познавачите, ситуацијата е јасна: планот е Македонија како албанска земја да влезе во ЕУ и НАТО, а Зоран Заев и СДСМ се само извршители на агендата. Утре, на 11 декември, гласачите ќе изберат: Дали в понеделник ќе се разбудат под македонско знаме доколку победи ВМРО-ДПМНЕ, или под албанско – доколку победи СДСМ , пишува Старт.мк.

441201-pod-koe-zname-kje-se-razbudite-v-ponedelnik

 

Само два дена пред изборите стигна поддршката за СДСМ од Косовските радикали. Медиумскиот магнат, Бетон Хаџиу, кој е директор на косовската телевизија Клан и е еден од најистакнатите борци за идејата за “Голема Албанија#.

Зоран Заев е единствениот човек кој може да ги спаси Албанците во Македонија, вели Хаџиу.

Според Хаџиу, Али Ахмети, кој бил испратен од косовските Албанци во Македонија за тука да ги заштитува ветераните на УЧК и албанското население не успеал во таа задача, а наместо тоа почнал да се занимава со чување на овчар. Според зборовите на Хаџиу, Али Ахмети станал “овчар кој се занимава со политика по потреба”.

Директорот на телевизијата Клан, која безрезервно застана зад Заев уште за времето на терористичкиот напад на терористите од Косово во Диво Насеље, и каде што Заев првпат го промовираше проектот за воведување на двојазичност и федерализација, немаше влакна на јазикот ниту за Мендух Тачи, велејќи дека нему му било страв како и на Ахмети да се појави во Куманово бидејќи таму ќе го убиеле.

За разлика од нив, според Хаџиу, Заев е спасителот, кој добил аплаузи и скандирање од албанското население во Диво Насеље, другиот ден по завршувањето на акцијата.

Овој потег кој за Хаџиу е “месијански”, беше остро осуден во македонската јавност, имајќи предвид дека Зоран Заев и Оливер Спасовски се фотографираа со јатаците на терористите, и оние кои плукаа и ги исвиркуваа полицајците кои под два дена битка си заминуваа од Куманово.

Хаџиу не застанува тука. Тој понатаму тврди дека Косово има обврска да се грижи за Албанците во Македонија и затоа може слободно да се меша во внатрешните работи на Македонија, а за тоа најдобар би бил Зоран Заев бидејќи бил отворен кон идејата за формирање на слободни територии на кои Албанците ќе можат самите да си донесуваат одлуки за нивниот живот и територија. На овој начин, Заев би овозможил спроведување на силна комуникација помеѓу албанските слбодни територии (кантони според програмата на СДСМ), кои потоа преку референдум би можеле слободно да се отцепат.

Ова тврдење на Батон Хаџиу е доказ дека врз Македонија се врши притисок по секоја цена, насилно и со променето име државата да стане дел од НАТО алијансата, инаку според тврдењето на Хаџиу би можеле да се соочиме со други насилства слични на оние во Диво Насеље.

Всушност, косовскиот магнат само ги потврди тезите на уредникот на ТВ Сител Драган Павловиќ-Латас, кој во гостувањето во емисијата „Јади бурек# на Јанко Илковски јасно посочи дека врз Македонија се врши притисок да влезе во НАТО како федеративна албанска држава, во која нема да постои дефинирана нација и дефиниран јазик. Според Латас, ова не го дозволува Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, и тоа е една од причините што Македонија е падната во политичка криза.

Заев горд на албанизацијата на СДСМ

Опозицискиот лидер Зоран Заев гордо ги кажува причините поради кои се залага за двојазичност и промена на Уставот. Тој при неговата посета на албанската дијаспора во Швајцарија, тврдеше дека СДСМ има 70.000 членови, од кои 10.000 се Албанци.

– Повеќето од опозциските партии имаат многу добра соработка со нас, но исто така во нашата партија ние имаме членови од албанската етничка група. На пример, ние имаме 70 илјади членови, од кои близу 10 илјади се Албанци, рече Заев.

Заев додава и дека било големо задоволство да се дебатира за актуелните проблеми со еден политичар како Андреас Грос, кој смета дека македонските деца треба да учат албански и јазиците да се изедначат.

– Двата јазика (македонскиот и албанскиот) треба да бидат официјални за да може да се користат на еднаков начин во сите региони во земјата исто како во Швајцарија. Кај нас, имињата на улиците се на два јазика, така треба да биде и во Македонија. Македонците да учат албански и Албанците македонски, изјави Грос.

Слична изјава стигна и од Заев, кој освен двојазичност најави и кантонизација на Македонија, или надминување на Охридскиот рамковен договор. Заев истакна и дека сите соседи на Македонија се во право кога се расправаат со земјата и и поставуваат најразлични блокади.

СДСМ ќе ги тера таксистите да научат албански

Засега не се знае како планира СДСМ да ја спроведе замислата за воведување двојазичност на ниво на државата. Од партијата не одговараат дали има доволно кадар за сите области во кои треба да се вработат Албанци – во училиштата, амбулантите, болниците, градинките, полициските станици, царината.

Планот за двојазичност подразбира и таксистите да го зборуваат албанскиот јазик покрај македонскиот и англискиот.

Таксистите Македонци и Албанци, велат дека најважно им е да имаат работа за да можат да ги прехранат семејствата, а не непотребно да им се наметнува да учат уште еден јазик покрај англискиот.

– Дома имам три деца, сопругата не работи. Сите чекаат на мене да донесам леб. Речиси секој ден сум излезен од дома и верувајте најважно е да си го прехранам семејството. Сега одевме на обука за англиски јазик, а верувајте ќе нема смисла да одам и на албански јазик за да можам да си го заработам лебот. Таа изјава е апсурдна, нека не остават на раат чесно да си работиме, вели скопјанецот Стојан Б. кој една деценија работи како таксист.

И неговиот колега Љуљзим К, со слично размислување. Вели дека најважно му е да заработи и дека политиката треба да се тргне настрана од такси-возачите.

Инаку, таксистите посетуваа обуки за англиски јазик бидејќи од 1 јануари за сите такси-возачи вработени во лиценцирани такси-компании во Македонија ќе биде задолжително основно познавање на англискиот јазик. Целта на оваа новина е да се добие поквалитетен такси превоз, особено за туристите кои ја посетуваат Македонија.

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, пред извесно време го отвори прашањето за двојазичност во Македонија, но засега не се знае како планира да ја реализира таа идеја.

Заев го поддржуваат радикали од Косово, Груевски генерал-мајори од Македонија

Пензионираниот генерал-мајор на американската армија, Роналд Џексон, во колумна за еминентниот американски весник “Дејли калер#, ја поддржа ВМРО-ДПМНЕ.

– Овој викенд македонскиот народ оди на гласање. Сигурен сум дека владејачката партија ќе си ја врати власта и дека поранешниот премиер Никола Груевски, кој првпат ја носеше таа титула во 2006, ќе ја одбележи десетгодишнината со уште еден мандат – пишува Џексон.

Генерал-мајорот додава дека изминативе години не беа лесни за Македонија. Таа се бореше со политички застој, разнишана врска со Европската Унија на нејзиниот праг и се најде во центарот бегалската криза. Во секој случај, резултатите ќе бидат добредојдено олеснување за меѓународната заедница, која ги поздрави силните реформи на Груевски за трансформирање на економијата и неговото водство кон стабилност и подобрена сигурност во регионот.

До сега поддршка за ВМРО-ДПМНЕ дадоа и останати значајни фигури, како министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, и министерот за надворешни работи на Унгарија. Целата Европска народна партија, која е на власт во ЕУ, но и во најголем дел од земјите членки на Унијата, отворено застана зад владејачката партија. Последна партија во низа, која даде поддршка за коалицијата “За подобра Македонија# е партијата на рускиот претседател Владимир Путин, Единствена Русија, која ја поддржа својата збратимена партија во Македонија, ДПСМ на Иван Стоиљковиќ.

 

Извор: Старт.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This