March 29, 2024, 11:47 am

ПОЕДИНЕЧНИ БИЛЕТИ НЕМА: Црвена Звезда ги откри цените за билетите за Лигата на шампионите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа есен Белград ќе биде домаќин на трите европски великани Ливерпул, Наполи и ПСЖ, кои заедно со Црвена Звезда ја сочинуваат групата Ц во овогодишното издание на Лигата на шампионите.

Фановите на „црвено-белите“, како и сите останати приврзаници на италијанскиот, францускиот и англискиот гигант конечно добија информација плус во однос на билетите за трите спектакуларни натпревари на „Рајко Митиќ“. Денес, раководството на Црвена Звезда ги откри цените на билетите за овие дуели, а интересно е тоа што нема да се продаваат поединечно за секој натпревар посебно, туку во пакет за сите три натпревари.

Најефтини се влезниците за северната и јужната трибина, кои чинат 3.900 денари. Билетите за страничните седишта на западната трибина се продаваат по 15.000 динари или 7.800 денари, додека централните се најскапи и се по цена од 18.000 динари или 9.300 денари. Цената на билетите на страничните седишта на источната трибина е 12.000 динари (6.250 денари), додека за централните цената е 15.000 динари (7.800 денари).

Сепак, овие цени не важат за најверните навивачи на „црвено-белите“, односно оние кои имаат сезонски билети ќе добијат попуст од 50%. Прв тим кој ќе гостува во Белград е италијански Наполи, на 18 септември од 21:00 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This