ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕУШТЕ СЕ НА ТЕРЕН:Скопје мириса на стопено железо и пластика од пожарот во „Макстил“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарникарски екипи сѐ уште го гаснат пожарот во фабриката „Макстил“, кој избил доцна синоќа, откако се запалил стар железен отпад. Според извори од командата на Противпожарната бригада во Скопје, пријавата за пожарот ја добиле синоќа околу 23.30 часот. На теренот затекнале запалено суровинско отпадно железо, кое вработените го подготвувале да го стават во печките на топење.


уст чад синоќа ја прекри населбата Железара и голем дел од Скопје, откако се запали отпадното железо, помешано со друг материјал, во топилницата „Макстил“. Пожарот кој избувнал пред полноќ,синоќа, како што соопштија од Противпожарната бригада на Скопје, зафатил површина од 500 метри квадратни и почнал да се гасне со осум возила. Помош била побарана и од цистерните на Комунална хигиена, од ЈП Водовод и канализација Скопје, како и од едно противпожарно возило од рафинеријата ОКТА.

„И денот завршува со уште едно недозволиво сценарио!!! Гори отпадот во кругот на Железара! Скопјани синоќа со затворени прозорци!“, реагираа од Коалицијата О2 на социјалните мрежи.

Девет противпожарни возила и 21 пожарникар синоќа го гаснеле пожарот во кругот на фабриката Железара, на местото викано Челичарница, каде е сместен отпадот за старо железо.

Првично пожарот се обиделе да го изгаснат службите на Железара, а потоа побарале помош од Противпожарната Бригада на Град Скопје.

На терен синоќа во гаснењето асистирале и екипи од јавните претпријатија Водовод и Канализација и Комунална Хигиена, како и од Дирекцијата за Заштита и Спасување на РМ и ОКТА.

Пожарот бил локализиран со што е спречено ширење на непријатна миризба.

Од „Макстил“ информираат дека засега не се познати причините за пожарот бидејжи Челичарницата не работи од 29 април годинава. Од таму велат дека нема повредени и нема причинета материјална штета. Од „Макстил“ информираат дека од синоќа на терен се инспекциските служби и раководството на компанијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This