ПОЖАРОТ ВО МАКЕДОНСКИ БРОД ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА: Пламените јазици се шират од Требовље кон Здуње и Близанско!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарот во атарот на село Требовље почна да се шири во правец на атарот на село Здуње и према Близанско.

 

Продолжува трагедијата во која со денови горат илјадници хектари шума низ цела Македонија. Владата на Зоран Заев со 26 министри веќе со денови не презема буквално ништо околу гасењето на пожарите, иако Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде директор е Агрон Буџаку има 320 вработени.

Пожарот во атарот на селото Требовље се заканува да го пеплоса селото. Мештаните веќе 10 дена по социјалните мрежи алармираат за состојбата со пожарите.

Се работи за два пожара од кои едниот е од месноста „Круша“, атар на селото Близанско со правец на движење кон Требовље, а вториот пожар е од Требовље со правец на движење кон месноста „Лутоец“ и Фојник. Поради високите температури и лошиот терен, пожарот, со којшто е опфатена борова шума, се уште е активен. Вчера попладне пожарот бил пристигнат до патот во близина на селото Требовље и биле загрозени првите куќи од селото.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This