ПОЖАРОТ ВО ПРИЛЕП БИЛ ПОДМЕТНАТ: Се потврдуваат информациите на Инфомакс, министерот Сугарески вмешан во рекетарска шема?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата сеуште трага по лицето кое го подметнало пожарот во култниот прилепски кафе бар „Галери хаус паб“, објаснувајќи дека се работи за подметнат пожар користејќи запалива течност

 

Според информациите на СВР Битола, полицијата и обвинителот направиле увид во опожарениот објект по што дошле до заклучок дека пожарот е подметнат, а првичната проценка на штетата се проценува на повеќе од 200.000 евра.

Претходно, Инфомакс.мк извести дека се работи за подметнат пожар, но не од страна на непознато лице, туку човек добро познат на прилепската чаршија кој на повеќе начини се поврзува со министерот за транспорт и врски Сугарески.

Според прилепската чаршија, пожарот бил подметнат, а пироманот е истото лице кое пред две години во рамки на т.н. шарена револуција ја искрши општинската зграда. Истото лице, пред да го подметне пожарот во кафулето бил забележан во една од познатите прилепски пицерии во друштво на член на обезбедувањеото на СДС – извесен Дадо, со кој заедно претепале човек. Пицеријата во која се случил инцидентот исто така е во сопственост на лице, симпатизер на СДС.

Интригите не завршуваат тука, сопственикот на запаленото кафуле претходно неколкупати бил претепан и често малтретиран бидејќи претставувал конкуренција на кафулето „Табу“ сопственост на министерот Сугарески, кој пак од неодамна започнал на диво да гради тврда градба како летна тераса на кафулето и тоа во старата чаршија која е заштитено подрачје.

Прилепчани се згрозени од ваквите постапки на актуелната власт и велат дека со ваквите потези на подземјето контролирано од СДС, криминалот и превласта во угостителството, Прилеп се враќа во мрачните денови кога овој град беше центар на криминалот во Македонија.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This