ПОЖАР НА МАТКА: За малку избегната катacтpoфа од големи размери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на викендот лоциран е пожар во непосредна близина на куќарката на кајaкарскиот клуб на Матка веднаш до реката Треска кој за среќа на брзата реакција избегната е поголема катacтpoфа и штета во заштитениот појас.

За среќа во тој момент членови на нукрачкиот клуб Врело на чело со претседателот на клубот, Кире Ангелески се затекнале на местото и брзо реагирале. Тие ја известиле пожарната бригада, но сепак уведеле дака може сами да се справат со огнот кој за кратко време се раширил и ги зафатил дрвата веднаш до колибата на кајакарскиот клуб.

Cо помош на кофи веднаш се спуштиле до реката и почнале да го гаснат пожарот и за кратко време успеале целосно да го изгаснат.

Од клубот сметаат и воедно апелираат да се внимава со природните богатства. На Матка постојано има несовесни посетители кои  го расфрлаат ѓубрето и палат оган за време на нивниот престој во природните убавини на Матка, а притоа не водат сметка за тоа што го оставаат зад нив. Свеста мора да се покрене и луѓето треба да ја почитуваат природата и нејзините богатства не само на Матка, туку насекаде

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This