Пожap над браната „Топлик“ кај Гевгелија, постои coмнеж дека е подмeтнат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во подножјето на планината Кожуф, во ридестиот предел над браната „Топлик“ кај Гевгелија, попладнево избувна пожар кој сè уште е активен, потврдија од Територијалната противпожарна единица Гевгелија.

Командирот на гевгелиските пожарникари, Игор Ризов, соопшти дека веднаш по дојавата за пожарот, екипите на ТППЕ Гевгелија се испратени на теренот каде се борат со пламените јазици.

Ризов потврди дека поради високата дневна температура која моментно во Гевгелија изнесува 40 степени како и ветерот кој ги шири пламените јазици, пожарот е сè уште активен.

Причините за појавата на пожарот кај Гевгелија се уште не се утврдени, но, пожарникарите се сомневаат дека се работи за човечки фактор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This