ПОЗАДИНАТА НА ПОПИСОТ: Која е играта со пописот, дали некој сака да го избрише Македонецот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По најавениот попис и обвиненијата кои Катица и СЈО ги испорачаа до Груевски и Ахмети за пропаднатиот попис од 2011 година се одмотува клопчето околу новиот попис кој ќе треба да се спровед, попис кој е свилена јамка околу вратот на македонскиот народ. Пописот е најавен најрано во 2020 година, а крајната дата за спроведување на пописот е 2021 година . Сепак голем број шпекулации го следат и овој нов најавен попис, кај народот постои реална и оправдана загриженост за бришење на графата на националност. Сета збрка ја создаде министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која обидувајќи се да ги оправда преговорите за името и евентуалната промена на истото.

Во свое интервју таа истакна дека сите Македонци се изгубени во предводот, коментирајќи ја графата Nationality во македонските пасоши која таа се обиде да ја изедначи со Citizenship. Зборот Nationality во превод на македонски означува националност, додека пак зборот Citizenship означува државјанство и нема можност за ставање на знак на равенство помеѓу овие два термина.

Имено опасноста е во пописот целосно да се отстрани графата националност, а граѓантие да се попишуваат според нивното државјанство. Во овој кобен случај за Македонија, македонската нација дефакто би била избришана и не би фигурирала. Односно доколку граѓаните се попишуваат според нивното државјанство македонски народ повеќе нема да има. Голем дел од Албанците во Македонија имаат двојно државјанство односно албанско и македонско или пак косовско и македонско, значителен дел од Македонците пак имаат македонско и бугарско државјанство. Со други зборови во Македонија ќе живеат Албанци и Бугари и државјани на Македонија без национална припадност и идентитет.

Ваквата погубна ситуација ја коментираше и новинарот Наум Стоилковски на својот Фејсбук профил.
Тој вели:
„- ОД-ЛИ-ЧНО!! ЧЕСТИТО!!! ПА КАКО НЕ ВИ ТЕКНА ПОРАНО!!
А бре абдали, ќе ги самоизбришете Македонците од пописот?? И тоа ли е по ќеифот на Грција, да не постојат Македонци?? Оттука ли се претвори националноста во “Ситизеншип”?? За по некоја година по теркот на Сеља што му триеше на нос на Стојанче да се рече дека Македонска нација не постоела??
Ваква идиотштина не сум видел ниту слушнал!!
Во земја каде се’, ама буквално се’ е игра на проценти и квоти на етникуми- од сите нивоа на власт, носење закони, вработувања, влегување во образовен процес- од попис да се отстрани етничка припадност!?
И што е причината? На терен да видиме колку се иселиле? Или колку струјни приклучоци има? ТВ? Интернет? Регистрите на ЕВН, на компаниите, училиштата не се доволни? Тоа што имаме интегрирана гранична контрола и биометриски документи како дата-база за тоа кој е отсутен од државата повеќе од 3, 6 (9?) месеци не е важно?
Важно е да се откачат Македонците и да не се пребројат Албанците! И што тоа ќе донесе? Поголем мир и доверба во општеството? Стабилност на двојазичноста? Граѓанско општество по Бадинтер? Дрвено железо?
Баш ме интересира, ако откачат етничка припадност, како ќе гласат резултатите, што ќе напишат, што изброиле во Македонија? Според сегашниот “Ситизеншип” и така се сите Македонци; ама воопшто не верувам дека тоа е намерата до 2020 година.
-Според пописот во државата живеат 2.345.678!- би гласело соопштението. Нема што, нема кои! Најважно, нема Македонци!
Па според полово/родово немојте ни мажи/жени да попишете. Немојте ни животни да одвоите; зар нивните животи и благосостојба не се еднаквоважни! Попишете потоа во 40м2 стан не 40, туку 85 живи суштества (створови)! Ќе се тепаме потоа дали се “Пустец”, пола дијаспора од “збратимениот Берн” на Скајп, или 80-литарски аквариум со “Неонки”!
Со сета почит кон Статистика; вакво самоубиство и обид за убиство на цела нација не сум очекувал од таму! Секако дека очекував од политичарите, но не и од професионалци. Но, како и за секоја важна порака поврзана со омаловажувањето и ништењето на нацијата, и за ова најдоа жртвено јагне.“

https://www.facebook.com/naum.stoilkovski/posts/10156029103835499

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This