April 24, 2024, 11:56 pm

ПОЖАР ВО ЧУЧЕР САНДЕВО:противпожарната единица немала возило, граѓаните сами го гаселе пожарот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешното невреме проследено со силен ветар искина електричен кабел во селото Чучер Сандево кој предизвика пожар во напуштен двор кој е обраснат со сува трева. Според информациите кои пристигна до нашата редакција чиста среќа е што пожарот не се проширил во околните 15-тина куќи и не се случила несреќа од несогледливи последици.

Мештаните на селото велат дека дефектот бил пријавен уште во 8,30 часот во ЕВН. Пожарот не избил веднаш , а во тој момент велат граѓаните само кабелот бил скинат. Полн час откако бил пријавен дефектот избил пожар, а кога граѓаните го пријавиле пожарот од пожарната им одговориле дека немаат кола која ќе можат да ја испратат. Граѓанинот кој го пријавил настанот во пожарна е инвалид и не може да се движи нормално. Откако пожарната не испратила возило тој се решил да ги повика на Фејсбук своите сограѓани да му помогнат и заедно со нив го ставил пожарот под контрола.

Во 12,00 ч, повторно било контактирано ЕВН првично за да се исклучи напонот во целата општина и да не се прошири пожарот исклучат, но оттаму одговориле дека овој настан не е приоритет. Напонот бил исклучен дури во 15:40 часот.

 

Да се потсетиме дека причината за смртоносниот пожар во Грција беше токму електричен кабел и цела среќа што при овој настан не се случила поголема несреќа.

Помош била побарана и од градоначалникот на општината, но никој не се одзвал на повикот за помош. Граѓаните на општината иронично коментираат дека градоначалник на Чучер- Сандево кој наводно е европски определен за граѓаните се грижел само пред избори кога требало да ги добие нивните гласови.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This