Позитивен почеток на денот во 8 чекори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овие 8 правила за позитивен почеток кажувајте си ги секое утро откако ќе ги отворите очите, додека сте сè уште стоплени под ќебето и верувајте дека тие ќе започнат да се одразуваат врз вашиот живот.

За почеток доволно е само да си ги кажувате на глас, а понатаму вашата психа сама ќе започне и да ги почитува.

1.Се разбудив полн со енергија, возбудa и среќа, сигурно денот ќе ми биде енергичен, возбудлив и среќен.

2.Се чувствувам здраво и силно!

3.Денес ќе го напишам најинтересното поглавје во мојата книга наречена живот.

4.Денес ќе се соочам со секој предизвик кој ќе ми се најде на патот, се чувствувам непобедливо.

5.Јас сум слободна личност која не мрази никого, туку имам љубов и прошка за секого бидејќи заслужувам мир кој ќе ми даде мир во душата.

6.Верувам дека ќе ги направам сите правилни одлуки денес.

7.Денес ќе насмевнам некого, а ако нема никого покрај мене, доволно ќе биде да ја насмевнам личноста во огледало, сигурно ќе ми возврати со насмевка.

8.Го добиваме она што го привлекуваме, затоа со позитивна мисла денес ќе добијам сè што сакам!

Запишете ги на стикери и залепете ги до вашиот кревет за да може да ги читате секое утро и запомнете ја старата изрека дека по утрото денот се познава.

Вашите наредни денови ќе бидат одлични, само ако верувате во тоа и ги почитувате правилата!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This