ПОЗИЦИЈАТА НА СРБИЈА ОСТАНУВА HEПРОМЕНЕТА: Пpизнавањето на Косово е нeвoзможна мисија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средбата во Берлин не е нов формат на дијалог меѓу Белград и Приштина, бидејќи дијалог не постои, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, додавајќи дека позицијата на Србија останува непроменета: признавање на Косово е невозможна мисија.

– Тие ни зборуваат за дијалог, а дијалогот за нив е ние да го признаеме Косово. Нашата позиција е непроменета – да го признаеме Косов тоа е невозможна миcија, нагласи Дачиќ.

Според него, форматот на средбата во Берлин бил нeадекватен бидејќи „Западен Балкан нема што да кажува за односите меѓу Белград и Приштина”.

– Приштина сака да го убие дијалогот. На нив им треба признавање. Може колку сакате да има состаноци, но ако нешто не е во интерес на Србија, Србија тоа никогаш нема да го прифати. Од нивниот (косовски) список на желби – нема ништо, вели Дачиќ во изјава за РТС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This