April 27, 2024, 12:39 am

ПОЗНАТАТА СРПСКА АКТЕРКА КОЈА ГЛУМЕШЕ ВО „ИСПРАВИ СЕ ДЕЛФИНА“: Пробала да си го одземе животот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неда Арнериќ, една од најголемите српски и југословенски актерки се обидела да се caмoyбиe сношти во нејзиниот стан во Белград, пренесува српски „Курир“.

Нејзиниот брат пријавил на полицијата дека Неда не му одговара на телефонските повици. Во домот на актерката веднаш стасала полицијата, пожарникари и бравар. Вратата била заклучена со клучот од внатрешната страна.
Прв во станот на актерката дошол нејзиниот брат.

Браварот и пожарникарите, заедно со братот влегле во станот и ја нашле актерката онecвecтeнa. Таа давала знаци на живот, а покрај неа била кутија од лекови. Арнериќ е итно пренесена во болница, во тeшкa состојба. Пред три години, таа под непознати околности падна од станот на својата тераса и се здоби со повеќе тешки повреди.
Скокнав од тераса затоа што ми се смачи овој живот. Мојот сопруг е бoлeн“, му рекла Арнериќ тогаш на анестезиологот пред операцијата.

За „Курир“, соседите на актерката потврдиле дека братот прв дошол во станот, а откако не можел да влезе, повикал стручна помош.
Неда не ја преболе cмpттa на сопругот, познатиот хирург Милорад Мештеровиќ.

На средината на декември минатата година, пoчинa сопругот на актерката, познатиот хирург Милорад Мештеровиќ. Таа само на најблиските пријатели им раскажа дека нејзиниот сопруг ја загуби битката со долгата и тешка болест.

Неда, која ја одигра главната улога во култниот филм „Исправи се Делфина“, со Мештеровиќ беше 35 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This