March 29, 2024, 10:22 am

Позната цената на вакцината на Астра Зенека – 3 евра од доза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанската национална телевизија РАИ денес ги објави деталите за договорот меѓу ЕУ и фармацевтската компанија АстраЗенека, според кој ЕУ се обврза да плати околу 870 милиони евра за 300 милиони дози вакцини што треба да бидат доставени до јуни.

Пошироката јавност на тој начин се здоби со увид во доверливите детали на овој договор потпишан на 27 август минатата година, меѓу другото, во цената и динамиката на испорака на вакцините на кои се обврзал производителот АстраЗенека, пренесува Ројтерс.

Минатиот месец британско-шведската компанија побара ревизија на роковите за испорака поради проблеми со производството, што предизвика остар конфликт со ЕУ поради доцнење на договорените испораки.

Меѓу другото, откриено е дека ЕУ се согласила на цената од 2,9 евра за доза на вакцина, што делумно се совпаѓа со цената од 2,5 евра, што претходно беше наведено од Ројтерс во своите извештаи.

Тим новинари од италијанската национална телевизија РАИ утврди дека АстраЗенека се обврзала да испорача меѓу 80 и 120 милиони дози вакцини до крајот на март, а останатите 180 милиони дози до крајот на јуни.

Никој од „АстраЗенека“ не сакаше да ја коментира оваа информација, но минатиот месец компанијата објави намалување на производството во првиот квартал од оваа година на 31 милион дози, а малку подоцна, по силниот притисок од ЕУ, ја поправи таа бројка на 40 милиони дози.

Во документот на ЕУ, прегледан од Ројтерс, се наведува дека АстраЗенека ја информирала ЕУ во декември дека ќе може да достави само 80 милиони дози од вакцината до крајот на март оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This