Познатиот американски инфектолог Фаучи : Имунитет на стадо значи МНОГУ CTPAДАЊЕ И CMPT

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постигнувањето на природниот имунитет на стадото во САД би значело толку многу страдање и смрт во земјата што би било неприфатливо, рече главниот американски инфектолог Ентони Фаучи.

– Имаме само 10 проценти или повеќе од населението кое е веќе заразено и имаме 225 000 мртви. Ако сакате да добиете имунитет за 75 проценти од населението, само множете го тоа и видете колку ќе бидат мртви ако со природна инфекција се стекне имунитетот на стадото, рече Фаучи.

Како што објасни, сега е потребна комбинација на заштита предизвикана од вакцината и заштита на оние кои за жал веќе биле заразени.

– Затоа вакцината е толку важна за многу побезбеден пат до имунитетот на стадото, рече Фаучи, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој исто така ја истакна важноста за еднаква дистрибуција на вакцината.

– Прво ќе им биде дадена на здравствените работници, вработените во други важни услуги и ранливите групи на луѓе кои веќе имаат хронични заболувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This