Познатиот археолог Митревски: На секого му е јасно дека некој некому ветил – “не се секирај, ова ќе го избpишeме од историјата”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Археологот Драги Митревски во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ, посочи дека ако власта сакаше пописмени генерации требаше да ги зајакне програмите, да се воведеа дополнителни обуки на наставниците, збогатување на програми.

„Ако го нарекувате концепт, јас не би го нареков ова концепт можеби повеќе е антиконцепт. Концепт не може да биде затоа што се работи за контраверзно едно решение без оправданост и што е најважно спротивно на целите што има пред себе да си ги постигне. Еве, ајде да поверуваме дека се работи за унапредување на образованието, дека не се работи за политика. Иако од космос се гледа за што станува збор. На секого му е јасно дека некој некому ветил – не се секирај, ова ќе го избришеме, ќе го тргнеме од историјата. А, најлесно може да се тргне ако се укине историјата. Но еве да поверуваме дека не е политика, дека сепак е некаква реформа, да поверуваме дека причина е малото, ниското ниво на знаења кај децата. Демек децата ни биле нас неписмени па сега мора да направиме нешто. Како тоа да го исправиш со разводнување на програмите“, запраша Драги Митрески, археолог при своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Митрески додаде дека каков е тој концепт каде што вештачки се спојуваат предмети. Ќе се менуваат наставни програми по кои сите работеле по тие наставни програми.

„Не, целта не може да се постигне со такви менувања. Со ваков концепт на власта ќе се постигне сосема обратна цел. Не знам дали за тоа некој е свесен“, рече Митрески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This