April 25, 2024, 11:19 am

ПОЗНАТИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА:Еве кај кого се’ се падна паричката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бадник го карактеризира традиционална заедничка вечера на која се собираат сите членови на семејството.

Бадниковата трпеза е полна со посни јадења, а исто така се крши лебче со паричка. Според верувањата, оној кај кого се падне паричката следната година му биде среќна и бериќетна и ќе има здравје.

Дел од македонските јавни личности преку социјалните мрежи се пофалија како го прославуваат Бадник и кај кого се паднала паричката оваа година.

Кај водителката Елена Стефановска паричката се паднала кај неа, па таа се пофали во кратките приказни на „Инстаграм“.

Оваа година во домот на Даниел Кајмакоски паричката се падна кај Даниел.

Паричката се падна и кај македонската фолкерка Сања Цинцева Барби.

Кај Теа Трајковска се падна кај Теа, а таа се пофали на „Инстаграм“ истакнувајќи дека паричката се паднала кај неа, а таа не е дома.

Македонскиот голман Борко Ристовски оваа година првпат славеше Бадник со сопругата и синот, а паричката се падна кај Борко.

И Јелена Спенџарска се пофали дека паричката оваа година се паднала кај нејзината сестра.

Паричката се падна и кај пејачот и учесникот во „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски.

Ова се само дел од македонските јавни личности кои се објавија кај кого се падна паричката.

Вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This