ПОЗНАТИ ИМИЊАТА: Аргентина го објави списокот за СП 2019 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аргентинската кошаркарска федерација објави дванаесет имиња на кои Серхио Ернандез ќе смета на претстојниот Мундијал во Кина.

Јужноамериканците се наоѓаат во групата Б, со екипите на Русија, Јужна Кореја и Нигерија.

Во екипата се наоѓаат имињата на Факундо Кампацо (Реал Мадрид), Луис Скола (Шангај), Габриел Дек (Реал Мадрид), Лука Вилдоса (Басконија), Патрисио Гарино (Басконија), Нико Лапровитола (Реал Мадрид) и Нико Брусино (Реал Мадрид).

Другите избраници за СП 2019 се Агустин Кафаро (Сан Лоренцо), Маркос Делија (Мурсија), Максимо Фелеруп (Сан Лоренцо), Тајавек Галичи (Регатас Кориентес) и Лусио Редиво (Бреоган).

Доколку завршат како една од првите две американски екипи во крајниот пласман, Аргентинците ќе добијат виза за олимпискиот турнир во кошарка во Токио следната година.

Ако тоа нe се cлyчи, тие ќе се обидат да заземат место во Јапонија по дополнителните олимписки квалификации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This