March 29, 2024, 12:24 pm

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ:Познати повеќе кандидати на СДСМ за локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ почнува да ги објавува кандидатите за градоначалници за локалните избори на 15 октомври.

За скопските општини објавени се следните кандидати:

Во Општина Аеродром кандидат е Златко Марин, за Бутел Велимир Смилевски, во Гази Баба во трката влегува Борче Георгиевски, за Ѓорче Петров кандидат е Александар Наумоски, во Кисела Вода  СДСМ го предлага Филип Темелковски.

Кандидатите за другите скопски општини се уште не се објавени.

За Арачиново во трката влегува Албанката Милитие Халими,  во Валандово е предложен Перо Костадинов, за Велес Аце Коцевски, за Демир Капија Лазар Петров, во Крушево се кандидира Томче Христоски, во Македонска Каменица Соња Стаменкова, за Неготино Тони Делков, во Охрид градоначалник би можел да биде Јован Стојановски,  во Пласница Шресим Ајроски, во Ресен во трката влегува Живко Гошаревски, во Свети Николе  Пласница Сашо Велковски, во Сопиште Далибор Богдановски, за Старо Нагоричане СДСМ предлага уште една жена кандидат Жаклина Јовановска, за Чашка Горан Стојановски, за Штип Благој Бочварски.

За градоначалничкото место во Струмица, на кое во два мандати седеше Зоран Заев, е предложен Коста Јаневски. Заев се повлече од оваа функција во декември во парламентарните избори а вршител на должност во Струмица е Костадин Костадинов.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This