ПОЗНАТ АМЕРИКАНСКИ РАПЕР СЕ ИСМЕЈУВА СО ТРАМП: Процентуално Мадуро го гласаа повеќе луѓе од Трамп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Венецуела всушност е во состојба на државен удap откако Хуан Гваидо, опозициониот лидер, се прогласи за привремен претседател на земјата на 23 јануари. Потегот веднаш го поддржаа САД кои притискаат претседателот Николас Мадуро да се повлече.

Бутс Рајли, предводникот на американскиот хип-хоп бенд иронично наречен „Државен удар“, предизвикан од наративот наметнат од мејнстрим медиумите, на својот твитер профил споделуваше проникливи твитови за она што се случува во Венецуела по признавањето на Хуан Гваидо од страна на САД за привремен претседател.

Од самиот почеток на политичката криза во јужноамерикаската држава, раперот беше критичен кон политиката на Вашингтон, нагласувајќи дека САД помагаат да се случи вистински државен удар.

https://twitter.com/BootsRiley/status/1088206831996985345

Рипли ​деликатно навести дека Гваидо не учествуваше во претседателските избори, на кои беше избран актуелниот претседател Николас Мадуро.

https://twitter.com/BootsRiley/status/1088303942952472576

Осврнувајќи се на медиумското покривање на обидот за државен удар поддржан од САД, Рајли иронично го праша „Њујорк тајмс“ дали има „директна телефонска линија од ЦИА до Њујорк тајмс?”:

https://twitter.com/BootsRiley/status/1092616745771134976

Тој исто така ги обвини медиумите дека не ја пренеле деталната анализа на новинарот Ерин Галагер, кој увиде поврзаност помеѓу поддржувачите на Гваидо на твитер и една веб страна од Мајами.

https://twitter.com/BootsRiley/status/1091116367783157760

И покрај сериозноста на ситуацијата, Рајли одлучи и малку да се пошегува во еден од неговите твитови:

https://twitter.com/BootsRiley/status/1092240841303703553

Корисниците на социјалните мрежи исто така го исмеваа и начинот на кој Гваидо се прогласи самиот себеси за привремен претседател на Венецуела, како и начинот на кој голем број држави го признаа:

Вашингтон беше активно вклучен во претседателската криза во Венецуела, во која претседателот на собранието во кое мнозинството го има опозицијата, Гваидо, се прогласи себеси за привремен претседател, предизвикувајќи го легално избраниот Мадуро.

Администрацијата на Трамп веднаш го призна Гваидо и со тоа го засили својот притисок врз Мадуро, со цел да го отстрани од претседателската позиција; САД покренаа санкции против венецуелскиот национален нафтен гигант ПДВСА и му овозможија пристап на Гваидо до одредени замрзнати сметки во банките во САД.

На 29ти Јануари, Врховниот Суд на Венецуела ги замрзна банкарските сметки и финансиските трансакции на Гваидо на национално ниво, и му изрече забрана за патување се додека не се комлетира истрагата за неговите актиовности.

Претседателот Мадуро го обвини Вашингтон за организација на државен удар во Венецуела, и изјави дека една група на дезертери од венецуелската армија дејствуваат како „платеници на колумбиската олигархија“, и пробуваат да ги саботираат вооружените сили под негова команда. Мадуро, исто така, ги прекина и дипломатските односи со САД.

Во ексклузивно интервју за Спутник, Мадуро тврдеше дека Трамп дал инструкции на колумбиската влада и мафијата за негова ликвидација, со цел да се добие пристап до најголемите светски резерви на нафта, кои по некоја случајност се наоѓаат во Венецуела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This