ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЗАГИНАТИОТ СКОПЈАНЕЦ: Неговата бремена сопруга и детето не се повредени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице загина во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случила на пет километри од грачко-македонската граница на автопатот Солун – Гевгелија, во близина на преминот Поликастро. Од Министерството за надворешни работи за „Република“ информираат дека се работи за 29-годишниот М.С. од Скопје.

mkd-282569

Тој управувајќи со своето возило „шкода суперб“ излетал од коловозот и се забил во дрво. Другите патници во автомобилот се во добра здравствена состојба.

Генералниот конзулат на Македонија во Солун постојано е во контакт со полицијата и со семејството на загинатиот. Се очекува неговото тело да биде донесено во Македонија доцна вечерва.

Неофицијално, според сведоци на оваа сообраќајна несреќа, во возилото биле сопругата на возачот, која била бремена, едно двегодишно дете и уште една повозрасна жена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This