ПОЗНАТ ПРВИОТ ОФИЦИЈАЛЕН КАНДИДАТ НА СДСМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: Поранешниот амбасадор Филипов се пријави на огласот од СДСМ за претседателски кандидат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов ќе се кандидира за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ. Тој е прв што најави кандидатура на огласот на СДСМ што е отворен до 19 февруари.

Тој денеска на прес-конференцијата на која најави дека влегува во трката за претседателски кандидат, рече дека ќе делува според принципот едно општество за сите. Убеден е дека ги исполнува условите за консензуален претседател.

Филипов роден е во кавадарци Кавадарци. Доктор е по технички науки, а дипломирал на Машинскиот факултет. Беше амбасадор во Германија од 2005 до 2010 и во Австрија од 2010 до 2014 година.

Претседателскиот кандидат СДСМ ќе го избира на Конгресот на 3 март.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This