Покрај поразот Ереван ќе треба да плаќа и репарации на Баку

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Азербејџан има намера да побара од Ерменија да плати надомест на штета и уништување на имотот предизвикан за време на борбите за областа Калбајар, рече претседателот Илхам Алиев за време на неговата посета на градот Абабил.

Тој изјави дека скоро секоја зграда е уништена и најави доаѓање на меѓународни експерти кои ќе учествуваат во проценката на воената штета, пренесува ТАСС.

Азербејџан и Ерменија потпишаа договор под покровителство на Русија за прекин на воените дејствија околу Нагорно Карабах, пренесоа агенциите утрово.

Конфликтните страни на крајот од договорот, кој стапи на сила во понеделник во 21:00 часот, ги задржуваат „позициите што ги заземаат“.

Русија распореди скоро 2.000 мировници за да се обезбеди почитување на примирјето, што предвидува Азербејџан да ја врати контролата врз неколку окрузи и да одржува копнен коридор што ги поврзува териториите што се уште ги контролираат сепаратистите и Ерменија.

Путин изрази надеж дека договорот може да доведе до „создавање на услови неопходни за трајно решение“.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја поздрави „капитулацијата“ на Ерменија.
Тој рече дека ерменскиот премиер е „кукавица“ затоа што не ја потпишал заедничката декларација пред камерите. Пашинијан на Фејсбук изјави дека неговата одлука е „ужасно болна“ и за него и за ерменскиот народ.

Ерменија и Азербејџан се борат со децении околу Нагорно Карабах, област со мнозинство ерменци, која беше анексирана од Азербејџан за време на советската ера. Во конфликтите за контрола над Нагорно Карабах помеѓу 1988 и 1994 година, беа убиени 30 000 луѓе, а стотици илјади избегаа под налетот на воените дејствија. Примирјето беше потпишано во 1994 година, но Баку и Ереван не се согласија за правниот статус на спорната област, која сè уште официјално е дел од Азербејџан.

Оттогаш, во оваа област повремено избувнуваа конфликти, а последниот избувна на 27 септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This