ПОКРЕНАТО ОБВИНЕНИЕ ЗА НАТРАПНИЦИТЕ:Откриено е кој упадна на теренот за време на финалниот натпревар на Светското првенство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако на преносот од финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал не можеше да се види кои беа лицата кои влегоа на теренот во жарот на играта меѓу репрезентациите на Франција и Хрватска, сега тоа се дозна благодарение на покренатото обвинение.Како што е денес објавено, руските власти покренале обвинение против членовите на панк групата „Пуси Рајот“ поради „кршење на правата на гледачите“ и незаконско носење на полициски симболи, кога со упадот на теренот, накратко го прекинаа финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал.

На четворицата натрапници им се заканува казна од по 11 500 рубљи (околу 155 евра) или 160 часа општокорисна работа, објави синоќа новинската агенција „Интерфакс“.

Тројца мажи и една жена облечени во полициски униформи предизвикаa краток прекин во 52. минута од финалето на стадионот „Лужники“ во Москва, со капацитет од 81 000 гледачи.

На финалето присуствуваше рускиот претседател, Владимир Путин, а натпреварот беше емитуван во живо ширум светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This