April 25, 2024, 12:55 pm

Покривање на незнаење и неспособност со некултура и ароганција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалните јавни обвинителки Фатиме Фетаи и Катица Јанева со некултура, ароганција и правење циркузи во судницата се обидоа да ја покријат својата неспособност и правно незнаење на продолжението од рочиштето за случајот „насилство во Општина Центар“.

fatime-fetai-SJO-transporter-2-860x680-640x506

Фатиме Фетаи побара од судијата да казни парично обвинет кој реагираше на непочитувањето и циркузот кој го правеа специјалните обвинителки.

На ова судијата реагираше дека Фетаи не го познава законот и прописите и дека обвинет не може да биде казнет, по што наиде на реакција и од присутните во судницата кои гласно го коментираа правното незнаење на Фетаи.

Потоа повторно Фетаи и Јанева продолжија со циркузот во судницата, навредливи зборови за судијата Татјана Михајлова, нејзино лично дисфалификување и дискредитација, што беше забележано како еден преседан кој досега не е регистриран од основањето на Судот па до сега.

Искусните правници кои беа присутни коментираа дека ова претставува прикривање на неспособност и своевиден преседан, а обвинителките дошле во судницата за да го прекинат распитот.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This