ПОЛИКЛИНИКАТА „БУКУРЕШТ“ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА: Пациентите се снаоѓале самите, новите биле избркани од персоналот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поликлиниката „Букурешт“ попладнево остана без струја, а пациентите се жалат дека ова е капак на катастрофалната ситуација со поликлиниката и здравството во целост

По скандалот со немање на лекови и инсулинската криза, која во Скопје се дели токму во поликлиниката „Букурешт“, попладнево истата остана и без електрчна енергија, а според неофицијални информации се работи за неплатен долг кон ЕВН.

Пациентите се жалат на катастрофалниот однос на персоналот, кој буквално ги бркал луѓето кои имале потреба од интервенција или преглед, а затекнатите останале сами да се снаоѓаат.

Минатиот месец, неколку месеци по ред половина Скопје остана без инсулин кој пациентите го подигаат токму од поликлиниката „Букурешт“.

Освен инсулин, во државата владее општа криза за лекови, откако количините кои се пуштаат како залиха од ФЗОМ не стигнуваат ниту за првата недела од секој нов месец.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This