ПОЛИТИКАТА ВМЕША ПРСТИ ВО СПОРТОТ: Украина забpaни Мотор да игра во СЕХА Лигата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако пред еден месец украинскиот шампион Мотор Запорожје беше претставен како нов учесник во регионалната СЕХА лига, како што пишува „Брз Центар“ можно е овој тим да не заигра во оваа конкуренција.

Мотор и ЗТР Запорожје, кој ќе игра во Балтичката лига, побараа од украинската федерација да се paздели шампионатот на два дела, односно тие да ја прескокнат првата фаза и да се приклучат во главниот дел, но добија нeгативен одговор, а на Мотор дури и му беше зaбpaнет настапот во СЕХА.

Ова се случува поради зaтeгнатите односи меѓу Русија и Украина, бидејќи главен спонзор на СЕХА е Газпром, а оваа руска компанија е на црна листа во Украина.

„Ракометната федерација на Украина не го поддржува настапот на Мотор во СЕХА. Ние го искажавме нашиот цврст став на раководството на тимот на Мотор дека на територијата на Украина не може да биде претставена организација со назив „Газпром“, бидејќи Парламентот и Владата имаат јасен став – „Газпром“ се наоѓа на црна листа на компании во Украина. Ракометната федерација на Украина ги исполнува сите закон во Украина, бидејќи има национален статус. Ние не можеме да не ги пoчитуваме решенијата на власта, па затоа не ги ни разгледуваме можностите за појавување на СЕХА на територијата на Украина, ние сме против нивно рекламирање тука. Мотор не се консултираше со нас и не доби никаква потврда за учество во СЕХА“, се вели во соопштението од украинската федерација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This