ПОЛИТИКА ИЛИ МЕДИЦИНА: Анализа за состојбата пред и по укинувањето на полицискиот час

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред 65 денови беше воведен за прв пат полициски час на целата територија. Бројот на новозаразени од коронавирус тогаш се движеше од 5 до 29 новозаболени на ден.

„Донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот. Од утре започнуваме со ограничување на движење на сите граѓани, односно полициски час“, истакна Оливер Спасовски.

Последнава недела, бројот на новозаболени се движи од 16 до 40 новозаболени. Но, Владата го укинува полицискиот час.

„Според анализите и препораките на комисијата за заразни болести можеме да констатираме врз основа на одредени исполнети услови, врз основа на анализите и препораките, Владата донесе одлука со кои што престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки. Од утре 27-ми мај целосно престанува важењето на одлуката з за забрана и посебен режим на движење на цела територија“, додаде Оливер Спасовски.

Но, според кои анализи и бројки е донесена оваа одлука? ТВ21 ги анализираше бројките во последните 7 денови пред донесувањето на одлуката за полициски час и укинувањето на одлуката.

Со сина боја означен е бројот на заразени 7 дена пред прогласување на полициски час и тие се движеле од 5 до 29 новозаразен, а последнава недела пред укинување бројот на новозаразени е означен со црвена боја, па така бројот е двојно, а во некои денови и тројно зголемен, се движи од 16 до 40.

„Секако дека успеавме да ја ублажиме, немаме експоненцијален раст на случаи, во просек имаме 30 до 40 новозаболени во овие 5 до 6 недели кои се круцијални, го очекувавме највисокиот број и го регистрираме највисокиот број“, посочи Владимир Микиќ.

Оваа изјава на епидемиолот Микиќ е на 12-ти април, три дена пред пикот, кога во еден ден имавме 107 заразени, најповеќе од почетокот на епидемијата до денес.

„Еден од факторите што не натера да размислуваме за олабавување на овие мерки во прва, втора или трета фаза е намалениот морбилитет, морталитет, леталитет кој што ги следи европските и светските трендови“, порача Жарко Караџовски.

Оваа изјава е од вчера на епидемиологот Жарко Караџовски, но доколку ги споредиме двете изјави, додавајќи ги бројките на новозаразени и починали лица, може да заклучиме дека бројот на починати е во повторен пораст како и бројот на новозаразени во последната недела.

Не јасно ќе остане, зошто Владата и покрај овие бројки се одлучи да го укине полицискиот час откако претходно тоа го бараше и комисијата за заразни болести. Во текот на вчерашниот ден беше испратен и деман од страна на комисијата дека тие не бараат целосно олабавување на мерките, откако претходно беше објавено дека, полицискиот час се укинува поради непочитување.

Извор: ТВ 21

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This