Политико: И Вучиќ добил писмо од Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И претседателот на Србија Александар Вучиќ добил писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, пишува порталот Политико.
Во текстот „Трамп го повикува Косово да ја искористи шансата за мир со Србија“, повикувајќи се на советник за медиуми на српскиот претседател, се наведува дека Вучиќ добил писмо од Трамп слично на она што го објави косовскиот претседател Хашим Тачи.

Во текстот се наведува дека Трамп го повика Тачи да ја искористи шансата за потпишување траен мировен договор со Белград.

„Во ненадејната интервенција во замрзнатите преговори на Белград и Приштина Трамп во писмото ја претстави можноста со Тачи и Вучиќ да се сретне во Белата куќа во случај да постигнат договор“, пишува Политико и додава: „Вучиќ добил слично писмо од Трамп, соопшти неговиот советник за медиуми“.

Политико оценува дека зборовите на Трамп во писмото што го објави Тачи се упатени до владата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој го критикуваше пристапот на Тачи на преговорите и кој зазема тврда линија кон Белград, вклучувајќи ги и царините од 100 отсто на стоката од Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This