Политичари, бизнисмени, дипломати ќе се најдат на „kaтиљ ферманот“ на американскиот претседател Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку двајца бизнисмени, политичари од опозицијата и од власта, дипломати, претставници на правосудниот систем, ќе бидат дел од „катиљ ферманот“ на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Десетина Македонски политичари, бизнисмени, дипломати, но и судии и обвинители ќе се најдат на црната листа на американскиот претседател Џозеф Бајден, во смисла на извршната наредба која пред неколку месеци ја парафираше „лидерот на демократскиот свет“.

Она што е важно да се потенцира е дека Извршната наредба на Џо Бајден не се однесува исклучиво и само на Македонската опозициј или власт, или пак на поединци. Истата се однесува на администрациите на регионалните влади во Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Грција, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Секако, споменувањето на Преспанскиот договор, Охридскиот Рамковен договор, Дејтон и резолуцијата 1244 на ОН се само дел од стратешките документи спонзорирани од американската дипломатија, па оттука логично е да бидат од стратешка важност на САД.

Оттука, најмалку двајца бизнисмени од Македонија, политичари од опозицијата но и од власта, дипломати и претстанвици на правусдниот систем ги исполнуваат условите да бидат дел од „катиљ ферманот“ на американскиот претседател.

Од она што веќе се шпекулира во круговите на политичкото подземје, на црна листа ќе се најдат и високи функционери од Бугарија, меѓу кои и луѓе блиски на Бојко Борисов, Захариева и Кракачанов. Од Бугарија на „катиљ ферманот“ ќе се најдат и бизнисмени меѓу кои и луѓе кои имале релации со Македонија, а се во секторот со трговија со приватни авиони.

Претседателот на Р.Македонија Стево Пендаровски, на брифинг со новинарите, потврди дека слушнал за овие шпекулации но потенцираше дека ниту сака, ниту може да коментира вакви информации.

– До овој момент на Балканот никој не знае кој ќе биде на црна листа, не сум сигурен дека наскоро ќе биде објавена листата. А тие шпекулации ги имам слушнато и јас, да, рече Пендаровски на брифингот со новинарите.

Претседателот на Р.Македонија потенцираше дека американската е гломазна администрација, и дека наскоро не можеме да очекуваме дека црната листа ќе биде објавена јавно. Според него тоа може да се случи дури наредната година.

– Тоа е гломазна е адмнистрација, и може да се очекува дека објавувањето на таква листа ќе се случи дури и другата година. Јас немам информации ниту од моите американски контакти за тоа кој ќе се најде на таа листа, тоа си е нивна работа, потенцираше шефот на државата.

Но она што е поважно смета Стево Пендаровски е што ефектот од таа црна листа, односно од извршната наредба, веќе е постигната.

– Психилошкиот ефект од таа црна листа веќе е постигнат. Знаете, веќе слушам меѓу оние потврдокорни и општествени актери кои не се согласуваат со глобалните политики на САД како шепотат „ќути, да не те стави Америка на црна листа“, така да, сметам дека тоа веќе е завршена работа и ефектот е постигнат, заклучи претседателот на државата Пендаровски.

Професорот на Правниот Факултет „Јустунијан Први“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје, Александар Климовски, за Инфомакс вели дека ова не е прв пат Американски претседател да донесе ваква одлука која се однесува на Македонија или регионот.

– Не е првпат американски претседател да донесе извршна одлука за воведување на поединечни граѓани на одредени држави на т.н. црна листа, но и општи мерки на санкции кон самите држави, во случај ако се загрозени геостратешките интереси на САД, вели професорот Александар Климовски за Инфомакс.

Професорот правилно анализира кога вели дека извршната наредба се однесува на корупцијата, првенствено, а потоа и на заканата кон евентуално рушење на мировните договори во регионот на Западен Балкан.

– Очигледно администрацијата на претседателот Бајден оценила дека на актуелните водечки гарнитури на земјите од Западен Балкан, при што мислам дека во прв ред тука се Р. Албанија, Р. Македонија и Р. Бугарија, вклучително и Р. Србија, Косово, Црна Гора и БиХ, треба да се стави до знаење дека корупцијата и криминалот ги надминуваат локалните и регионалните рамки и се појавуваат како поширока дестабилизација на демократските односи на целокупниот Западен Балкан, анализира Климовски за Инфомакс.

A.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This