March 28, 2024, 12:08 pm

ПОЛИТИЧАР БАРАЛ УСЛУГИ ОД СEKCУАЛНА РАБОТНИЧКА: Објавени СМС пораките во кои е договарана средбата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничките во украинската Врховна Рада бараат оставка од претседателот на Комисијата за надворешна политика, Богдан Јаременко поради негова наводна вмешаност во ceкс ckaндал.

 

 

Иницијативата е предложена од пратеничката на „Опозициска платформа – За живот“ Антонина Славицкаја.

Јаременко, кој е пратеник од партијата „Слуга на народот“, е обвинет за вмешаност во „сексуален скандал“, откако во украинските медиуми вчера се објавени снимки и фотографии како тој за време на собраниска седница се допишува со евентуална „cekсуална работничка“ и бара нејзини услуги.

 

 

 

На една од фотографиите се гледа како Јаременко некому му напишал на руски јазик: „Услови за средба со тебе“, а потоа од соговорникот добил одговор: „Здраво. Вашето место. Сексот е заштитен, класичен и opaлен. Анaлeн – табу. Еден час – 100 долари, а два часа – 150 долари“.

 

Пратеничката Славицкаја смета дека однесувањето на нејзиниот колега е непрофесионално и срамно. Таа потенцира дека бесот не е предизвикан од самиот сексуален скандал, туку од „многуте лаги кои се изговорени и оправдувањето за тоа однесување“. Пратеничката истакна дека Комисијата за надворешна политика „има многу достојни жени, кои се подготвени да ја преземат претседателската функција“.

Поддршка на иницијативата за оставка на Јаременко даде и Ирина Гераштенко од партијата „Европска солидарност“. Според неа, постапката на пратеникот ги буди најлошите митови за Украина, дека тука може да се „купи“ жена за 100 долари.

Тоа е срамно и сметам дека претседателот на Комисијата треба да поднесе оставка, изјави Гераштенко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This