ПОЛИТИЧАР ЗА ПРИМЕР: Градоначалникот на Тирана ги служеше корисниците во Народната кујна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и во пресрет на оваа Нова година не ги заборави лицата кои се во најтешка социо – економска сотојба и храна добиваат во народните кујни.

Тој како и изминатите години последниот ден од старата година го мина со корисниците на една од повеќето народни кујни кои функционираат во Тирана.

По традиција ги поалужуваше, а потоа заедно ручаше со нив и им ја честиташе Новата 2020 година.

-Ова беше година со многу предизвици. Како што велат нашите баби,со помин да е и 2019 година да ги земе со себе. Знам да кажам дека луѓето подобро се запознавам во неволја. Кога сте добри, сите се однесуваат добро, кога има потешкотии, се подразбира колку е силна и одговорна државата, општината, градот. Ви посакувам добро здравје и успешна 2020 година, рече Велиај, наздравувајќи со нив.

Не само за Нова година, Велиј редовно со овие лица е и за време на верски и други празници, но и за викенди. Не ретко во ова му се придружува и сопругата, па заедно се во служба на корисниците на народните кујни.

Оваа традција Велиај ја воспотави со доаѓањето за прв човек на албанската метропола во 2015 годна.Ова му е втор мандат како градоначалник.

Велиај е познат по неговото хумано и праведно однесување. Уште кога беше министер за труд и социјална политика, Велиај стана познат по тоа дека не поднесува неправда.

Случајно сретна мало Ромче со неговата мајка недалеку од болница во Тирана како плаче а откако му објаснила мајката во што е проблемот тој на раце го однесе во болница детенцето кое било истерано од таму без да му се даде потребната здравствена услуга.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This