ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА НА ЗАЕВ НА ПРВО МЕСТО: Бараат брзи избори бидејќи здравјето на граѓаните не им е важно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ:

„За СДСМ и Заев очигледно дека не е важно здравјето на граѓаните и затоа сакаат избори по секоја цена. За нив не е важно тоа што во Република Македонија е прва со црна статистика со најголем број на починати на 1 милион жители во регионот.

За криминалната влада не е важно што и Државната изборна комисија достави мислења каде јасно пишува дека им се потребни 35 до 60 дена за спроведување на изборите.

Исплашен дека секојдневно се повеќе и повеќе ја губи довербата кај граѓаните Заев беше фатен како врши поткуп на гласачи. Но, што и да направи Заев поразот му е неизбежен.

Откако ќе помине оваа пандемија ВМРО-ДПМЕ ќе победи на изборите, кога и тие да се одржат. За ВМРО-ДПМНЕ најважно е здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од СДСМ.

Со СДСМ и Зоран Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This