ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА НА ШИЛЕГОВ СЕ УДАВИ ВО ПОПЛАВАТА ВО СКОПЈЕ: Социјалните мрежи за неспособноста на Шилегов да се справи со пролетен дожд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велат човекот учи од своите грешки, во спротивно историјата се повторува. Кај нас, во Македонија важи само ова второто. 27 години гледаме реприза, а народот и понатаму се чуди. Е тоа е веќе ЧУДНО.

Еве и денеска. Заврна и нормално поплава. 11 литри за 25 минути во и околу Скопје, го претворија главниот град во Венеција. Пловни беа сите поголеми скопски улици, а подвозниците спремни за партија ватерполо. Се е ова веќе видено. Разликата е што денеска не го видовме Коце со жолтите гумени чизми како се матка околу Вардар или покрај некоја поплавена улица, туку Шилегов… ок ни Шилегов не го видовме. Не е он лик за поплави. Нежен е човекот. Да имаше ДиЏеј у ГТЦ или ваучери за такси од кафана, може ќе се појавеше, вака…. Но, сигурен сум дека уште утре ќе искочи со некоја изјава како ВМРО ДПМНЕ се криви за состојбата. Прошлиот пат беа галиите, сега може портата е крива или Воинот на Коњ. Со мачот дигнат високо ги заглавува облаците околу Скопје и затоа многу врне! Нема што друго да е. Мора да е вина на ВМРО. Петре е заглавен во опозиција. Човекот сеуште не знае дека позицијата што ја доби носи и одговорност. Сфаќам јас дека нема капацитет да биде градоначалник на село со две куќи (без жители), а камо ли Скопје, ама не ми е јасно зошто народов уште не сфатил. Зошто уште се чудите? Што очекувавте денеска? Ете, од оној пат кога беа галиите криви, кога Вардар се излеа по кејот, што превзема Шилегов? Што превзема град Скопје? Видовте негде да се гради или доградува атмосферска канализација? Видовте да се чисти истата? Некој канал да се среди? Имаше ли барем акција да се исчисти коритото на Вардар? Ма видовте ли барем нешто од Шилегов во неговиот мандат? Освен ПР средби со граѓани, нови ветување и глупирање по социјални мрежи? Зошто сега се чудите од поплавата? Ликот кој загадувањето во Скопје ќе го реши со субвенции за оџачари, а сообраќајот со ваучери за такси за пијани кафански гости очекувате да се справи со временска непогода?!!! Дајте луѓе да бидеме сериозни. Реалноста е дека сериозни предизвици бараат сериозно планирање и серизони акции пред непогодата. Скопје има атмосерска канализација за 5 пати помал град. Овој проблем го знае Петре, како што го знаеле и сите негови претходници и никој ништо не превземал на темата. Молете се да не заврне вака јако, друго ништо не ни преостанува.

Од осамостојување на Македонија, до денска, Скопје имало 7 различни градоначалници. Некои владееле подолго, други покусо, но едно е јасно, Петре Шилегов е без конкуренција најлошиот. Пред да ги добие изборите и позицијата, мислев дека ќе се „јаде“ со Трифун Костовски, но денешниот градоначалник на главниот град е барем 3-4 класи полош во својата фунскција дури и од газдата на Кометал. Трифун за него е Роже Федерер, Мајкл Џордан, Михаел Шумахер… и искрено ми е криво што го споредувам со Петрета, иако во 4 години го запусти мојот град. Ова што сега ни се случува е сепак на друго ниво. Не е само Шилегов крив, туку цела екипа градоначалници низ Скопје. Тоа е еден така екипа на професионалци, еден дрим тим што не знае човек кој е подобар во тоа да биде полош градоначалник. Еве денеска додека невремето беснееше низ Скопје, во Аеродром се сечеа дрва (клик ТУКА)! Истиот лик кој ги доби изборите со ветување за зелени површиини, сега си сече без мака. Си дава дозволи за градба на огромни згради. Ама не е само во Аеродром. И во Карпош е исто, а верувам и во другите општини. Еве и паркинг ќе си плаќаме во делови од Карпош, Гази Баба и Кисела Вода. Ама, како што рече детено што седна во фотељата за градоначалник на Карпош, тоа немало да биде паркинг на општината туку на претприатието Градски Паркинг! Као општината немало да воведе зонско, ама… Абе ВМРО ДПМНЕ е криво. Стевче пред се, барем кога станува збор за Карпош. Не дека лидерот на Гром беше добар градоначалник, далеку од тоа, ама малиов везе нема што се дешава! Он и оној у Агенција за млади и спорт! Тие се! Они не се од тука!

Ок, доста за градоначалнициве, еве нема да ве замарам ни за „невладините“ што у шарена кукаа за секој паднат лист од дрво, а сега се кријат под службените фотељи и си ќутат. Ваљда овие дрва не ги знаат „лично“. Нема ни за Павле збор да кажам и онаа другарка му од шарените, што се збрца у собрание. Нема да спомнам ни дека штетите од невремето сами ќе си покрие секој граѓанин од свој џеб. Секако ова ќе го дознаете и сами. Нема ни да критикувам повеќе (во овој текст). Само ќе ве прашам: А што очекувате вие? Озбилно? Зарем има некој што сериозно мислеше дека Петре е ТОЈ? Сериозно? Или малиот од Карпош? Абе не знае да се бричи уште алооо!!!! Детето не сакаше со точак да иде на работа, зошто…  зошто има скапа кола! Ете затоа! Ок, го натераа, ама он не сакаше! Малиот ми е јасен, вие не сте ми. Што очекувавте луѓе? Зошто сега изненадени? Зарем сериозно им верувате кога ве лажеа без усул? Зарем мислевте дека барем еден од нив има капацитет за заменик пртеседател на куќен совет во 2катна стамбена зграда, па му дадевте глас за градоначалник? Или ги гласавте затоа што се СДСМ, т.е. не се ВМРО ДПМНЕ? Ок, ете победија. Сега што? Сега ќе си чекаме да им помине мандатот, па ќе гласате нови, кои барем 2 години од нивниот мандат ќе се вадат на овие сегашниве.

Во секоја нормална држава, политичката кариера на Шилегов и колегите општински градоначалници во Скопје, денска ќе се удавеше во поплавата, но Македонија не важи за таква.

Велат човекот учи од своите грешки, во спротивно историјата се повторува…. Кај нас, во Македонија, ние живееме во историјата.

Автор: Пацифист

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This