Политичката партија Левица одржа предизборен митинг во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Политичката партија Левица вечерва во Битола одржа предизборен митинг на кој ги претстави кандидатите за советници и носителот на советничката листа Горан Велевски.
Во изјава за медиумите, претседателот на Левица Димитар Апасиев, истакна дека Левица очекува на овие локални избори да освои над 60 советнички места низ државата, односно 4 до 5 советнички места во Битола.
-Целта на предизборните собири е да се дадат насоки за да се спречи грабежот кој ни е очекуван и кој што веќе еднаш ни беше направен на парламентарните избори. Тоа овој пат ќе го спречиме со сопствени сили. Левица за прв пат настапува во 40 општини со кандидати за општинските совети и со 8 кандидати за градоначалник, но за разлика од минатите избори одржани во 2017 година кога освоивме само 3 советници бидејќи бевме партија на почеток, сега очекуваме да освоиме повеќе од 60 советнички места на ниво на држава. Во Битола конкретно според актуелните рејтинзи очекуваме 4 до 5 советника кои имаат јасна програма утврдена од локалниот огранок на Левица во овој град, истакна Апасиев.
На предизборниот митинг што се одржа на плоштадот пред споменикот на народниот херој Стив Наумов во Битола, носителот на листата кандидати за советници Горан Велевски, ги повика присутните масовно да излезат на избори и да гласаат за бројот 15.
-Нашите програмски цели се со широк опфат, нашата програма е реална и прифатлива за нашите сограѓани и затоа ние се залагаме за целосна промена на систематизацијата во Советот и борба против корупција и непотизам. Во локалната програма посветени сме на развојот на туризмот во подпелистерието, реконструкција на Зоолошката градина и Тумбе кафе, враќање на младиот ентузијазам на Широк Сокак и други цели… и затоа ги охрабрувам сите да гласаат за број 15, да гласаат за Левица затоа што само така ќе се слуша гласот на секој граѓанин, посочи Велевски.
До крајот на кампањата Левица предизборни народни собири ќе одржи во Штип, Велес и во Скопје

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This