Политичката тињa од претходниот peжим е најголем соработник на Зоран Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Парадоксот на оваа власт е што Мијалков, Тодоров, Муковски му се најдобри партнери а пред три години ги нарекуваше со најразлични епитети.

Оваа власт на СДСМ и Зоран Заев за најдобри и главни партнери ги има Мијалков, Тодоров и Муковски кои во време додека беа опозиција ги викаше „министер смрт, терорист и насилник, и Мијалков најголем прислушкувач во Македонија, смета долгогодишниот и актуелен кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

– Парадоксот на сегашната власт е што за време на претходната Влада, СДСМ го нарекуваше тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков најголем прислушкувач и најголем мафијаш. СДСМ тогаш го нарекуваше министерот Никола Тодоров „ министер смрт“. СДСМ пред четири или три години го нарекуваше Крсто Муковски, кој ги отвори вратите на Собранието, терорист и насилник, рече Милошоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Тој посочи дека овие ликови, кои Заев ги обвинуваше за се и сешто, сега се партнери на Заев, Вице, Ден Дончев и на Филипче од разно разни изнис и судско-обвинителни интереси.

– За жал, денес и Сашо Мијалков и Крсто Муковски и Никола Тодоров, кој од материјална, кој од бизнис, кој од судско-обвинителски интереси се главните и најдобри партнери на Зоран, на Вице Заев, на Ден Дончев и на Венко Филипче, рече Милошоски.
Тој истакна дека СДСМ со Муковски, кој воедно ја отвори вратата од Собранието на 27 април, ја официјализирале нивната коалиција уште пред да се распушти Собранието, така што на реплика на Муковски кон него аплаудираше цела пратеничка група на СДСМ.

– Ми беше многу чудно, што во Собранието пред да се распушти, имавме една реплика со пратеникот Крсто Муковски и на неговата, така по груба, реплика кон мене Крсто Муковски доби аплауз од пратеничката група на СДСМ. Јас излегов и кажав: „Нека е честита коалицијата на СДСМ со Крсто Муковски. Ние него сме го отчлениле од нашата партија затоа што не сметаме дека дека во иднина може да биде продуктивен политичар. Ако СДСМ смета дека Крсто Муковски може да им биде партнер нека им е со среќа и нек апродолжат со него. Но ако го бараат насилството за 27 април нека тропнат на една врата во Општина Вевчани и таму ќе ги добијат сите одговори.“, додаде Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This