ПОЛИТИЧКА КОНСТРУКЦИЈА ЗА СУДСКА ИНКВИЗИЦИЈА: Апсењето на луѓето е под целосна контрола на СДС и вазалското судство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најдобрите оперски пејачи Игор Дурловски, доајенот на македонското актерство Владо Јовановски и уште многу јавни личности и граѓани, за судството контролирано од страна на СДСМ се терористи, само затоа што протестираа против прекршувањето на Уставот на 27 април оваа година. На тој ден се случи немилиот настан, откако граѓаните влегоа во Собранието, испровоцирани од неуставниот избор на Талат Џафери за претседател на истото тоа Собрание.

Постојат многу индиции дека обвинението покренато од Јавното обвинителство и одлуките за притвор од судот, се донесени по порачка на владејачката СДСМ.

Според експертската јавност јасно се гледа дека овој случај е конструкција од страна на СДСМ, кој откако дојде на власт почна со управување на судските органи и судската власт ја донесе под целосна своја контрола.

Видните фигури и лица од раководството на СДСМ веќе повеќе од половина година преку јавните излегувања вршат јасен притисок врз судството, кое под нивна контрола очигледно донесе одлука која беше побарана  од владејачката партија.

Имено, функционери од СДСМ во скоро сите свои јавни излегувања говореа дека се работи за тероризам, дека лицата кои протестирале за одбрана на уставноста на Македонија биле терористи.

-СДСМ поседува сериозни докази кои што упатуваат на тоа дека во четвртокот во Собранието беше извршено кривично дело „Терористички загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Се работи за член 313 од кривичниот законик на Република Македонија. Каде што пишува, цитирам: „Тој кој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија, ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар или поплава, или друго општо опасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години“, изјави сегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов на 29 април оваа година.

Уште еден пример на притисок во судскиот систем во државата даде и Фросина Ременски, уште еден функционер од СДСМ и поранешна министерка за труд и социјала, во гостување на Топ Тема на Телма исто така говореше дека искажаниот револт на граѓаните на 27 април бил тероризам.

-Политичкото насилство по правило се дефинира како индиректна или директна закана кон личности и групи, како политички опоненти во различни облици на психофизичко малтретирање, терор, вооружен бунт, тероризам и сите форми кои што ги гледавме на 27 април во Собранието на Република Македонија, изјави Ременски на 5 мај оваа година.

 

 

 

Освен во јавните појавувања во медиумите, зборот тероризам за овој случај Ременски го користеше и во на социјалните мрежи. Ова според експертската јавност претставува типичен притисок врз Обвинителството, посебно во моменти кога нејзината партија секојдневно бараше од Јавното обвинителство да поднесе кривични пријави за луѓето кои протестираа во одбрана на уставноста на државата.

-Ако Груевски во барањето за зголемување на бројот на телохранители се повикува на Уредбата за обезбедување на објекти и личности, тогаш испуштил да ја прочита обврската на неговите партиски послушници во МВР кои на 27.04 дозволија терористичко загрозување на уставниот поредок во Собранието на РМ, напиша во статус на Фејсбук, Фросина Ременски.

Уште еден во листата на оние кои извршија притисок врз судскиот систем во државата е и Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, тој во изјава токму пред Јавното обвинителство во изјава обвинуваше дека тука се работело за терористичко загрозување на уставниот поредок.

-На 27 април не се случи само насилство во Собранието, туку се случи терористичко загрозување на уставниот поредок, изјави Кирацовски на 25 мај оваа година пред Јавното обвинителство.

 

 

 

Инаку СДСМ и преку соопштение пред 11 дена повторно го споменаа поимот тероризам, за вчера граѓаните кои протестираа да бидат обвинети токму за тоа.

Од СДСМ тогаш кажаа дека со барањето амнестија за лицата кои на 27 април извршија или беа помагачи на терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедност, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека токму тие ги нарачале и стојат зад насилствата на крвавиот четврток кога се случи организиран обид за убиство на пратеници, а загрозена беше и безбедноста на новинари и вработени во Собранието, велат од СДСМ по барањето од ВМРО-ДПМНЕ итно да бидат ослободени и помилувани насилниците од крвавиот четврток.

-Колку и ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да ги спаси своите извршители од одговорност за крвавиот четврток, не смее да има амнестија за оние кои учествуваа или помогнаа во обидот да се убијат пратеници. Во Македонија, како и во секоја демократска земја не може да има амнестија за тешки кривични дела како обид за убиство, терористичко загрозување и дела против државата и уставниот поредок, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека предлог законот за амнестија не предвидува ослободување на лица што сториле кривични дела против државата и кривични дела злосторничко здружување.

-Заврши времето на селективна правда. Македонија станува правна држава и секој кој ги прекршил законите, ќе мора да се соочи со правна одговорност за своите постапки, посочуваат од партијата на Заев.

Инаку, Кривичниот суд денеска преку соопштение до јавноста информираше за мерките кои судија на претходна постапка ги одреди по вчерашното апсење поврзано со настаните од 27 април.

-Постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден беа спроведени 24 лица, за кои по нивно произнесување во однос на предлогот на обвинителството, донесени се решенија, информираат од Судот.

Триесет дена притвор им е одреден на М.Ч., О.П., И.Д., М.П., О.Р., Г.А., В.Т., Д.Л., И.Ц., Б.И., Ј.Ч., И.С., и В.М., додека мерка куќен притвор им е одреден на С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј.

Против овие неправосилни решенија, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

-За лицата кои се опфатени во предлогот, а во моментот извршуваат функција Пратеник во Собрание на Р.М., судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на обвинителството  откако ќе биде одлучено по барањето на судот испратено до Претседателот на Собранието на Р.М., додека за останатите лица кои се опфатени во предлогот, а не беа спроведени пред судијата на претходна постапка, судот сеуште нема добиено известие за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведување, стои во соопштението.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This