Политичкиот врв на Франција се зakaни со напуштање на HATO

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По бурната пресметка со Вашингтон за формирање нова алијанса АУКУС, францускиот пратеник Жан-Лук Меланшон рече дека Франција треба „да престане да негува илузии“ и да се повлече од НАТО.

Како што изјави, во исто време треба да се поништат плановите за формирање на НАТО Центарот за вселенска безбедност, што Вашингтон сакаше да го отвори во Тулуз.

Оваа идеја беше поддржана и од лидерот на партијата Национално обединување, Марин Ле Пен. Како што се испостави, огорченоста кон Америка ги обедини политичките ривали.

Политичарите се изјаснија среде невиден дипломатски скандал помеѓу Франција и Америка. Париз е „лут“ откако Австралија го раскина големиот договор со француска компанија за изградба на 12 подморници, во вредност од 56 милијарди евра, и се договори со Америка.

Покрај тоа, Австралија, САД и Обединетото Кралство формираа нов сојуз АУКУС во областа на одбраната и безбедноста. Не само што не ја повикаа Франција, туку и не ја известија.

Поништувањето на договорот вреден 56 милијарди евра беше тежок удар за Франција. Од Париз велат дека „ножот во грб“ и „шамарот“ од Америка ќе ја доведат во прашање врската помеѓу Париз и англосаксонските сојузници и дека тоа „ќе доведе до тешки последици“.

Во Франција, пак, веќе започна кампања пред претседателски избори. Досега, најверојатни кандидати се претседателот Макрон, Меленшон и Ле Пен, како и новинарот и политиколог Ерик Земур.

Експертите веруваат дека Франција нема да го напушти НАТО, туку дека Макрон ќе игра максимално на надворешните адути.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This