ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН МОРА ДА ПРЕСТАНЕ: Патриотите се во притвор без никаква првна основа, и намерно се малтретираат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Патриотите кои се во притвор се политички обвинети. Нема никаква правна основа за ваквиот третман и затоа мора да бидат ослободени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Притворот наместо како мерка за претпазливост се користи како средство за изживување. Притворените не сториле терористички акт и апсурдно е да се држат во истражен затвор заради опасноста да го повторат. Притворените седум месеци после завршување на протестите на „Заедничка Македонија” немаа заминато од Македонија и апсурдно е сега да се држат во затвор заради тоа што би избегале. Притворените ниту влијаеле, ниту постои опасност или намера да влијаат врз политичката истрага. Нема никаква основа за притворите кои им се изречени, стои во соопштението од паријата и се додава:

„Органите на прогонот се користат за пресметка со граѓани кои мислат поинаку од СДСМ. Судот треба итно и неодложно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите чија единствена вина е љубовта кон татковината. Судот мора да биде заштитник на законитоста и гарант за правична постапка. Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот, и своите одлуки да ги носат согласно законските норми. Независното судство е право на граѓаните, и не смее да им биде скратено“.

Конструираните случаи, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, не треба да станат наше секојдневие.

-Институциите во Република Македонија не треба СДСМ да ги злоупотребува за фабрикување на политички постапки и политички прогон. Гушењето на демократијата и притворањето невини луѓе не е одлика на демократска власт. Република Македонија нема да тргне ни чекор кон ЕУ, се додека институциите се користат за пресметка со политичкиот противник. Државата нема да биде членка на НАТО додека за државните органи презумцијата на невиност е празна флоскула.

Од партијата истакнуваат дека во интерес на нашите Евроатлански аспирации е судот и сите останати институции да работат исклучиво во интерес на граѓаните и согласно законот, Уставот и меѓународните договори.

-Практиката на злоупотреба на институциите мора да запре во интерес на државата и нејзината иднина. Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа не смее да им биде скратено.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This