March 28, 2024, 10:03 pm

ПОЛИТИЧКИ ЗАТBOPEНИК ОД KOМУНИЗМОТ: Ако некој треба да биде лycтриран, тоа се луѓето од СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичкиот затвореник од времето на комунизмот Шпетим Положани смета дека тврдењата и оправдувањата на СДСМ за поништување на лустрацијата не се логични и не држат, затоа што меѓу лустрираните лица имало соработници на тајните служби.

Нема основ овие лица да бидат обештетени, изјави Положани во „Отворено студио“ во ТВ
Шења.

Ова образложение не ми изгледа логично, и не држи вода тезата да се создаде сега клима за да се обештетат оние кои се жртви на лустрацијата. Меѓу нив сигурно имаше и соработници, затоа што комисијата има добар пристап, а и до изјавите и од другите средства што потврдуваат едно такво нешто, рече Положани.

Тој отиде до таму што додаде дека ако некој требаше да биде лустриран, тогаш тоа се луѓето на СДСМ, затоа што меѓу другото, тие се тие кои ја направиле и криминалната приватизација.

Ова образложение не ми изгледа логично, и не држи вода тезата да се создаде сега клима за да се обештетат оние кои се жртви на лустрацијата. Меѓу нив сигурно имаше и соработници, затоа што комисијата има добар пристап а и до изјавите и од другите средства што потврдуваат едно такво нешто. Како и да е, ако некој требаше да се лустрира, тоа се луѓето на СДСМ, затоа што тие ја направија криминалната приватизација, ги создадоа своите тајкуни и овие на некој начин, ги создадоа и најголемите проблеми, воглавно на Албанците, во последните декади. Така што не држи, според мене, воопшто ова образложение, констатира Шпетим Положани.

Тој, меѓу другото, истакна дека лутрацијата требало да се случи многу порано и дека требало да ги опфати и македонските тајни служби и дека сите оние кои би биле детектирани за соработници на службите требаше да бидат исчистени од секторите во кои што делуваат. Положани како пример ја даде Германија, која уште во првата година по падот на комунизмот направи лустрација и дека само од образовниот процес биле отсранети 17 илјади лица поради тоа што биле соработници на службите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This