ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ ВО ЈП „ВОДОВОД“: Избркани 26 лица од Водовод, се спремаат откази уште за над 100 лица!

Поврзано

- Advertisement -
Причините кои им биле наведени на избрканите лица се дека тие биле вработени со 180 кредити од завршени студии, но ова е само банален изговор. Откако Заев стана премиер, а Шилегов градоначалник на Град Скопје, тие почнаа политички пресметки на сите страни. Зад овие откази сосема е јасно дека се кријат политички мотиви затоа што е јасно дека функционерите од СДСМ празнат работни места за подоцна да ги пополнат со свои сопартијци.
- Advertisement -

 

СДСМ продолжува со својата политичка одмазда и во континуитет брка луѓе од работа, како што всушност и одамна најави партискиот лидер Зоран Заев дека “ќе јаде живи луѓе“ и „ќе брка од работа од чистачка до министер“.

Најновите во низата отказни решенија се оние кои ги добија 26 лица од ЈП „Водовод и канализација“.

Според информациите, се спремаат откази за уште над 100 лица кои ќе останат на улица и без работа.

Причините кои им биле наведени на избрканите лица се дека тие биле вработени со 180 кредити од завршени студии, но ова е само банален изговор. Откако Заев стана премиер, а Шилегов градоначалник на Град Скопје, тие почнаа политички пресметки на сите страни. Зад овие откази сосема е јасно дека се кријат политички мотиви затоа што е јасно дека функционерите од СДСМ празнат работни места за подоцна да ги пополнат со свои сопартијци.

 

Владата донесе одлука за формирање на Совет за реформа на јавната администрација, а за претседател на Советот е именуван никој друг туку лично Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија и лидер на СДСМ.

Заев на овој начин си расчисти терен, си додели функција и со тоа тргна во реализација на неговото ветување дека ќе брка луѓе од работа и на овој начин ќе го реши проблемот со државната администрација.

Скандалозната изјава на Зоран Заев од пред неколку години дека кога СДСМ ќе дојде на власт „ќе јадат живи луѓе“ и дека ќе бркаат „од чистачка до министер“ веќе се остварува.

-Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија, рече тогаш Заев.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This