Политички xaос во Италија: Се рaспадна владеачкото мнозинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци изјави дека министрите на неговата партија Италија Вива ќе се повлечат од кабинетот, со што коалициската влада ќе остане без мнозинството во парламентот, пишува ДВ.

На прес-конференцијата што започна околу 18:20 часот, Матео Ренци ги објави оставките на министрите Тереза ​​Беланова, Елена Бонети и секретарот Иван Скалфаро.

“Минуваме низ голема политичка криза, се соочуваме со опасности поврзани со пандемијата. Наша одговорност е да ги решиме овие проблеми, а не да ги криеме”, рече Ренци, цитиран од Кориере.

Денес пред конференцијата, Движењето Пет Sвезди и Демократската партија (ПД) побараа од Ренци да го зачува единството на владата.

Италија Вива, која има поддршка од 3% од гласачите и се обидува да остане релевантна на политичката сцена, е несигурен сојузник на премиерот Џузепе Конте од формирањето на владата во 2019 година, а тензиите постојано се зголемуваат во последните неколку недели, според Ројтерс.

Ренци го критикувал планот на Конте да ги потроши милијардите евра ветени од Европската унија за рестартирање на италијанската економија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This