ПОЛИЦАЕЦОТ ТОСКА КАКО ГОСТИН НАМЕСТО ОСУДЕНИК ВО ЗАТВОРОТ: Привилегиран статус и отворени врати во Шутка за Тоска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Енвер Тоска, полицаецот осомничен дека минатиот месец го уби и запали 38 годишниот битолчанец Беким Алиоски, во притворското одделение во Шутка ги уживал сите привилегии, дознава Алфа од свои извори. Тоска во неделата водеше отворена кампања од притворската ќелија, па на два пати преку неговиот фејсбук профил повика да се гласа на референдум еднаш пред 17 часот, а втор пат пред 19 часот.

Дека Тоска од ќелија пишувал од мобилен телефон, ни потврдија и од затворот. Нашиот извор посочи дека затворските чувари следниот ден кога извршиле претрес во ќелијата кај притвореникот пронашле мобилен телефон. Анонимниот извор на Алфа, тврди дека Енвер Тоска во затворот уживал привилегии. Од Управата за извршување санкции посочија дека имало интерна истрага за да се открие кој и како бил внесен мобилниот телефон во Шутка, бидејќи на притворениците им е забрането да имаат мобилни.

Енвер Тоска минатиот месец, на брутален и свиреп начин уби, па запали битолчанец, а судот му одреди 30 дена притвор. Полицијата му поднесе кривична пријава за убиство, но не наведе по кој став од членот 123 ќе го гони, од што зависи дали ќе биде обвинет за казна затвор од најмалку пет години, или пак на Тоска ќе му се заканува доживотен затвор.
Полицаецот Енвер Тоска свирепата ликвидација ја извршил со службен пиштол, тој во Министерството за внатрешни работи бил вработен пред три години.

На социјалната мрежа Фејсбук, на личниот профил споделувал фотографии со кои сакал да остави впечаток во јавноста за блискост со партијата ДУИ, но и со јавниот обвинител Дилавер Бектеши од вишото јавно обвинителство кој во постапка пред второстепениот суд бараше притвор на поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков во врска со собраниските настани од 27 април. Тоска се сликал и со Артан Груби пратеникот на ДУИ, а за да ја покаже наклонетоста кон заменик министерот на полицијата Нухиу, изработил и фотошоп на кој напишал со почитуваниот министер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This