ПОЛИЦАЕЦ КРАДЕЛ ЗЛАТО: Инспектор во СВР Скопје крадел злато додека вршел увид за тешка кражба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ж.И., главен инспектор во Секторот за внатрешни работи Скопје, доби кривична пријава поради постоење на основани сомневања дека за време на увид во случај на тешка кражба во куќа, украл златен накит.

Главен полициски инспектор од Скопје се обидел да украде златен накит од ограбена куќа во главниот град, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од полицијата додаваат дека тој вршел увид по грабежот, кога го нашол накитот и го одзел.

Според соопштението на МВР Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ж.И. (вработен во Секторот за внатрешни работи Скопје, како главен инспектор) поради постоење на основани сомненија дека со искористувањето на своите службени овластувања сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Пријавениот се сомничи дека искористувајќи ја својата службена позиција во тек на вршење на работна задача – увид во случај на тешка кражба во куќа – со намера да прибави за себе противправна имотна корист, неовластено одзел златен накит со што го извршил посоченото кривично дело.

По налог на ОЈО Скопје лицето е лишено од слобода и е предадено на надлежен јавен обвинител за понатамошна постапка. Од страна на МВР против Ж.И. е поведена дисциплинска постапка и тој е суспендиран од работното место.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This