ПОЛИЦАЕЦ PAHИЛ ДВЕ ЛИЦА ДОДЕКА НЕ БИЛ НА ДОЛЖНОСТ: Во тетовско paнети две лица од полицаец кој не бил на должност во моментот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчеравечер околу 23:30 часот, во Сeкторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово биле донесени Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, тетовско, кои имале повpeди од пиштoл, пренесе телевизија 21.

Двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, сопственост на Ф.Х.(42), при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од kpв.

Во 23 часот и 40 минути, во Полициската станица Тетово дошол Н.Х.(25) од село Вејце, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил А.Х. и Ф.В.

Полицискиот службеник Н.Х. задржан е во полициска станица и за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, кpиминaлистички истраги и полициски стандарди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This