Полицајците Петар и Слободан спречија жена да се фрли од мост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се одвивала викендов во Србија, кога жена се обидела да си го одзеде животот со скок од мост. За среќа, полицајците Петар Бубало (29) и неговиот колега, 23-гоишниот Слободан Бутуровиќ со натчовечки напори и голема пожртвуваност спречиле да дојде до трагедија.

231000x0yjn56u65u5

Кога дента тргнале во патрола, не ни насетувале со што ќе се соочат. Тие ја виделе постарата госпоѓа како стои на мост, свртена со грбот кон водата. Велат им се заледила крвта во вените.

– Отидовме во патрола и ја видовме постарата жена како сака да се самоубие. Немавме дилема што да правиме, веднаш реагиравме. Зборувавме со часови со неа, викнавме екипи и Брза помош, велат полицајците-херои.

Доека жената се жалела дека има семејни проблеми и дека не вреди да живее, тие полека при разговорот и се приближувале и кога дошле на метар од неа ја зграбиле за рамениците за да не падне ако во тој момент на шок ја пушти оградата.

Тие ја спасиле несреќната жена која веднаш била однесена во болница.

Браво за младите, пожртвувани полицајци кои се херои!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This