ПОЛИЦАЈЦИ НАТЕПАЛЕ ТЕТОВЕЦ: Му побарале легитимација, па го тепале пред сопругата и бабата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

42-годишен жител на тетовското село Пирок бил физички нападнат од четворица полициски службеници кај месноста „Глумово“. Најпрвин полицајците побарале легитимација, па го нападнале, велат од МВР.

„На 03.09.2018 година околу 21.40 часот, Д.К.(42) од село Пирок, тетовско, пријавил дека враќајќи се со возило од Скопје кон Тетово, во месноста „Глумово“, бил запрен од четворица полициски службеници. Тие, според пријавеното, најпрво го легитимирале него, неговата сопруга и неговата баба, а потоа побарале да го отвори багажникот и физички го нападнале. После тоа, Д.К. бил приведен и еден час бил задржан во Полициско одделение Сарај. Откако бил пуштен, тој побарал лекарска помош во тетовската клиничка болница, каде бил задржан за натамошно лекување. За настанот веднаш бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки за целосно документирање и расчистување на случајот“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This