ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КРУШЕВО: Вработени во шумско претпријатие вршеле нелегална сеча и се шетале со автомати?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментов во Крушево се одвива полициска акција против дрвокрадци, а во акцијата според првичните информации е уапсен и контролорот ѕа превоз во ЈП „Липа“ Крушево

 

Претходно, „Инфомакс“ објави дека лицето Ј.Ј. било вработено во ЈП „Липа“ Крушево без договор за вработување, туку со договор во четири очи помеѓу Ј.Ј. и директорот на ЈП „Липа“  Спасе Стојчевски.

Од неофицијални информации дознаваме дека Ј.Ј. како контролор за превоз во ЈП „Липа“ Крушево издавал одобренија за сеча и собирање на дрва на име на „отпадно дрво“, за дрва од прва и втора класа.

Имено, Ј.Ј. заверувал одобренија на лица кои сечеле првокласни огревни дрва за одредена сума на пари кои противправно ги присвојувал, а одобренијата за сеча и превоз на дрвата на територија на Крушево, Демир Хисар и Ресен биле лажно пријавувани како дрвен отпад. Дрвата, односно одобренијата Ј.Ј. ги наплатувал од 1500 до 2000 денари по метар кубен.

Крушевчани пак, неколкупати се обратија до редакцијата на Инфомакс со барање за реакција поради однесувањето на Ј.Ј. кој со автоматска пушка се шетал низ градот и се однесувал како локаен „шериф“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This